НАРОДНА РЕЗОЛУЦИЈА

за заштита на територијалниот
интегритет и уставниот поредок на
Република Србија



- Потсетувајќи го српскиот народ во земјата и дијаспората и сите граѓани на Србија, како и релевантните меѓународни фактори, на повеќе резолуции на Народното собрание со кои се потврдува суверинитетот и територијалниот интегритет на Република Србија, тука вклучувајќи ја и територијата на покраината Косово и Метохија, онака како што стои во Уставот на Република Србија и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на организацијата на Обединетите народи,

- Имајќи ја во предвид реалната опасност која во изминатиот период се надви како резултат на активности на државните органи, а особено после некои зачестени изјави на претседателот на Републиката, како и членови на Владата, дека во согласност со преговорите водени со косовските Албанци ќе се пристапи кон потпишување „Договор за нормализирање на односите“ или документи, односно договори со сличен назив и создржина со сепаратистичките власт на таканареченото „Косово“ под покровителство на Европската Унија, кои би имале сила на меѓународен „мировен договор“ како финален акт за крај на војната од 1999-та година, со што во име на Република Србија би се верификувала и посредно или непосредно би се признала „Република Косово“ и би се направило ампутирање на тој дел на територијата на Србија,

- Ставајќи до знаење на сите меѓународни фактори дека Република Србија, српскиот народ во целост и сите нејзини граѓани, почитувајќи ја Повелбата на ОН, низата важечки резолуции, декларации и меѓународни конвенции, потоа Финалниот акт на КЕБС од Хелсинки 1975-а година и својот Устав, имаат право и обврска со легални и меќународно правни признати средства да се спротивстават на споменатиот се‘ поевидентен развој на збиднувањата,

- Изразувајќи спремност во постоечката состојба, а особено после потпишувањето на „Бриселската спогодба“ и пропратните документи од 2013-та година и наваму, како и останатите документи и договори потпишани пред 2013-та година и спроведени во пракса, со кои се загрозува територијалниот интегритет на Република Србија, да придонесе за мирно и взаемно решавање на ова прашање на основа на начелата и нормите на меѓународното право во согласност со Резолуцијата 1244 на СБ при ООН и својот Устав, а тоа е „суштинска автономија“ или „самоуправа“ на просторот на покраината Косово и Метохија во рамки на уставниот поредок на Република Србија, а не „република“ односно „независна држава“ или било каков облик на уредување кој би имал државни или атрибути на далумна или потполна самостојност,

- Очекувајќи од државните органи на Република Србија безусловно и без наоѓање на било какви изговори како што се: европски интеграции, регионална соработка, мирољубива политика, економски развој, инвестиции и слично, како и наводните притисоци од страна на разни светски сили, организации или влијателни поединци, кое всушност е строго забрането со Резолуцијата 2131 на Генералното собрание на ООН од 1965-а година, да превземат соодветни држани мерки и да обезбедат слобода и рамноправност за сите граѓани и територијален интегритет на Република Србија во нејзините меѓународно признати граници,

- Српскиот народ и граѓаните на Србија бранејќи ја честа, историските текови, духовните светињи на просторот на Косово и Метохија и достигнатото државотворно ниво гарантирано со Повелбата на ООН, како и со важечките резолуции, декларации и конвенции, кои имаат апсолутна супремација како во меѓународните односи, така и над внатрешните законодавства на државите членки на ООН, со кои детално се регулира мир и безбедност во светот и почитување на меѓудржавните граници, исто така и меѓународно признатите достигнати нивоа кои се зацврстени со бројни мировни договори од блиското и подалечното минато, потсетува дека тие права во случајот со Република Србија кои се во врска со Косово и Метохија, се гарантирани почнувајќи од 1912-та година па наваму, се‘ до „Воено-техничкиот договор“ од Куманово од 1999-та година и Резолуцијата 1244 како акт на „примирје на завојуваните страни“ од страна на сите релевантни меѓународни фактори а особено големите сили потврдени, дека територијата на Косово и Метохија трајно и неотуѓиво и‘ припаѓа на Република Србија,

- Констатирајќи дека политичките партии, различни движења и здруженија на граѓани, како уставна категорија, чија улога е демократски да ја обликуваат политичката воља на граѓаните и да ги застапуваат нивните државотворни интереси, не прават доволно или се потполно пасивни, а не ретко превземаат погрешни или неадекватни политички чекори во борбата за зачувување на територијалниот интегритет на Република Србија, а и со упорното учествување во изборните процеси заради партикуларни интереси даваат легитимитет, легалитет и пресудна политичка снага на коалиционите партии кои се на власт, која пак, противуставно го узурпира суверинитетот од граѓаните, надвор од Резолуцијата 1244 и Уставот и во околности на подреденост во меѓународните односи, спроведува преговори со сепаратистичките власти со цел за таканаречената нормализација на односите со „Косово“,

- Врз основа на горе наведеното, а во согласност со членот 2 од Уставот на Република Србија кој регулира дека „суверенитетот потекнува од граѓаните “ кој може да се реализира со уставна институција под име „народна иницијатива“ , како и врз основа на член 56 од Уставот на Република Србија кој овозможува „право на петиции и други предлози“ , српскиот народ во татковината и во дијаспората ширум светот, заедно и рамноправно со сите граѓани на Република Србија, во пролетта 2018-та година донесува:



НАРОДНА РЕЗОЛУЦИЈА
за заштита на територијалниот интегритет и уставнот поредок
на Република Србија

 

1. Се налага на претседателот на Републиката, на Народното собрание и Владата на Република Србија да ги прекинат понатамошните преговори со сепаратистичките власти на таканареченото „Косово“ кои се водат под покровителство на Европската Унија и да превземат расположливи државни мерки со цел да се прекине примената на обврските превземени од „Првата Бриселска спогодба“ како и решенија, спогодби и договори, пред и после 2013-та година, со кои се загрозува територијалниот интегритет на Република Србија на просторот на покраината Косово и Метохија.

2. Му се забранува на претседателот на Републиката, на претседателот на Владата и на било кој друг државен функционер, своеволно да прифати или под вистински или божемен притисок, или под било кои други околности, во име на Република Србија да ратификува „Спогодба за нормализација на односите“ со сепаратистичките власти на „Косово“ или било каков друг документ кој би имал снага и обележје на „мировна спогодба“ или некаков друг меѓународно признат договор, со што квази државата потполно би заживеала со посредство и гаранции на Европската Унија и останатите меѓународни фактори.

3. Се обврзуваат претстставниците на државните органи од точка 1. и 2. на оваа Народна резолуција да превземат расположливи мерки кон Советот за безбедност и Секретаријатот на ООН , барајќи преговорите со косовските Албанци да бидат продолжени исклучиво врз основа на содржината и во духот на Резолуцијата 1244, со која е регулирано и гарантирано правото на тоа национално малцинство на „суштинска автономија“ и ли „самоуправа“ во рамките на уставниот поредок на Република Србија која има суверинитет над покраината Косово и Метохија како дел од сопствена територија.

4. Се бара од највисоките државни органи офисијално да ја признаат или да ја констатиираат фактичката состојба на „воена окупација на дел од територијата“ на покраината Косово и Метохија како меѓународноправен институт регулиран со правилата на меѓународното воено право за окупација кои се содржат во „Хашкиот правилник за законите и обичаите на војна на копно“ од 1907-а година, кој е додаден на „IV-тата хашка конвенција“ и за истото да ја известат меѓународната заедница, а пред се‘ Советот за безбедност и Секретаријатот на ООН, со цел прецизно да биде дефинирана вистинската состојба на теренот и да се обезбеди значајна заштита на српските и останатите жители на просторот на Косово и Метохија која им припаѓа, предвидено со Хашките и другите конвенции, од самоволните постапки на окупационите воени сили и нивните паравојни и парабезбедносни сојузници и други агресивни групи на територијата и заштита на имотот на Република Србија. Претходното е заради земањето во предвид дека во повеќе случаи после запирањето на борбените операции и прекин на вооружените активности во војната од 1999-та година, првично со субверзивни и подмолни постапки, а потоа и директно, 2008-та година е изигран и прекршен меѓународноправниот институт „примирје“ потпишан во Куманово под името „Воено-техничка спогодба“ а потоа потврден со Резолуцијата 1244 на СБ при ООН кој се третира како дефинитивен прекин на борбените операции.

5. Им се забранува на државните органи и на претставничките тела, пред се‘ на Народното собрание да започнуваат иницијатива, вршат пропаганда или било какво друго масовно влијание, а потоа и да распишат евентуален референдум или друг вид на јавно изјаснување, со кој граѓаните директно или индиректно, односно прикриено во склоп на изјаснување за промена на Уставот на Република Србија, или решавање на слични прашања би се навеле, доведени во заблуда, да се изјаснуваат за територијата на покраината Косово и Метохија и нејзиниот уставен статус во рамките на уставниот поредок на Република Србија.

6. Им се доставува на увид на највисоките претставници на државните органи на Република Србија , како и на сите релевантни меѓународни фактори, на прво место Советот за безбедност при ООН, дека во случај на игнорирање на барањата и налозите од Народната резолуција од страна на понапред наведените државни органи, а особено доколку во било каков облик потпишат со сепаратистичките власти на Косово и Метохија „Спогодба за нормализација на односите“ или сличен документ по форма и содржина, кој отстапува од Уставот и Резолуцијата 1244, а со кој се одрекува територијалниот интегритет на Република Србија на просторот на покраината и признаат било каков вид на сецесија, однсно ампутација на споменатата територија, дека српскиот народ во земјата и дијаспората и граѓаните на Србија нема да признаат таков акт, однапред прогласувувајќи го како противуставен и криминално дело за кое е предвидено кривична одговорност според Глава дваесет и осма од Кривичниот закон на Република Србија.

7. Со содржината на Народната резолуција , резултатите на потпишување и изразената политичка воља во врска со територијалниот интегритет на сопствената држава, официјално да биде запозната широката јавност, а пред се‘ Народното собрание, претседателот на Републиката, Владата на Србија и другите државни органи, националните институции, политичките партии и движења, како и меѓународните фактори, пред се‘ Советот за безбедност и Генералниот секретар на ООН, потоа ОЕБС, Европската Унија и другите светски организации, констатирајќи дека, изразената воља и решенијата на носителите на суверенитетот, српскиот народ и останатите граѓани на Србија, ќе бидат реализирани во пракса.

Доколку вољата на потписниците на Народната резолуција биде игнорирана од страна на актуелните државни органи и не биде реализирана веднаш или во разумен рок, примената на истата ќе следи кога ќе се создадат полтички и безбедносни услови, односно кога ќе биде извршена смена на власта и кога Србија ќе се ослободи од статусот на подреденост во меѓународните односи, наметната од страна на трансатлантските сили и разни глобалистички организации и тела.


Составен дел на Народната резолуција се заштитени електронски записи со лични податоци на потписниците, како и прегледи и табели со своерачни потписи, потоа статистички показатели распоредени во повеќе категории и други податоци од значење за валидноста и веродостојноста на овој документ.